Од понеделник, 18.мај, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, односно се укинува двосменскиот режим на сообраќање на возилата, соопштуваат од ЈСП.
Сите возила вклучени во јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.
Во фото/прилог се последните термини на поаѓање пред 19 часот.
Останатиот возен ред е достапен за преглед на веб страницата www.jsp.com.mk.
Линија 15 (Н.Лисиче-Карпош 4).
Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 19 часот, односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч, 8.30 ч, 9.14 ч, 9.36 ч, 9.58 ч, 10.42 ч, 11.04 ч, 11.26 ч, 12.10 ч, 12.32 ч, 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч ,17.10 ч, 17.54 ч, кој е последен наведен термин пред 19 часот, кога завршува и функционирањето на јавниот превоз.
Од понеделник (18.05.2020 год) почнуваат да работат сите билетарници на ЈСП Скопје и центри за персонализација.
Од 6 до 17 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.
Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар (автобусот).
Од 6 до 13 часот ќе бидат отворени билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара.
Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).
Услугите можат да се купат и на сто локации (трафики, маркети) кои се дел од продажната секундарна мрежа на ЈСП Скопје.
Потсетуваме дека и натаму не важат бесплатните средношколски и студентски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.
И натаму, укинати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.
ЈСП Скопје апелира на рационално користење на јавниот превоз и задолжително носење на заштитна опрема при користење на превозот согласно уредбите за заштита од Ковид 19.