Елизабета Ѓорѓиевска: Никогаш не треба да се сомневаме во хуманоста на луѓето!

Сподели

 

 

“За три недели, колку што трае хуманитарната акција во МладиХаб, околу илјади пакети со храна и средства за хигиена веќе стигнаа до семејствата од сите краеви на нашата земја, на кои им требаше помош. Донираа повеќе компании, дипломатски претставништва и поединци. Но, тоа не е само помош за семејствата, туку им праќаме и добра мисла, оптимизам и уверување дека не се сами во оваа тешка ситуација”, објави на својот фб профил, Елизабета Ѓорѓиевска.

 

 

“Им благодариме од срце на сите кои придонесоа да се озарат многу детски лица и хуманоста да добие широка насмевка. Акцијата продолжува.
Можете да донирате секој понеделник, среда и петок од 10-13 часот во МладиХаб Канцеларијата на ПРСМ”.