Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да трае од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот

Сподели

 

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да трае од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот.

Ваквиот предлог е доставен до Владата, потврди министерот Филипче, кој изјави дека оваа одлука е последица на изминатиот период во кој не се почитувале мерките да нема собири и групирања и тоа довело до нови случаи на заразени со КОВИД-19.

„Сите случаи кои ги имаме на позитивни пациенти изминативе неколку дена се должат на настани или семејни собири. Поради непочитување на мерките имаме нови случаи и само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект“, – изјави министерот Филипче.

Комисијата за заразни болести, исто така, предложила оваа недела да нема олабавување на мерките кои беа најавени, односно кафулињата да се отворат наредната недела, после завршување на продолжениот викенд. Наредната недела ќе се разговара и за скратување на полицискиот час.