Министерот за здравство, Венко Филипче утрово во Клиниката за Дпжавна кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше извршена трансплантација на срце.
“Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чувствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подигне свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации.” – изјави министрот Филипче.