Верските заедници се правни лица и мора да ги почитуваат законите

Сподели

 

Денот кога на вонредна седница на ријасетот на Исламската заедница, мнозинството муфтии го разреши поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи објавуваме поткаст на тема дали кокетирањето со верниците го стави под знак прашалник целиот сет на протоколи за справување со пандемијата. За попустливоста на институциите кон верските заедници и барањето одговорност дебатираа професорката Мирјана Најчевска и пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири.

 

Поткастот ResPublica го изработи Институтот за комуникациски студии.