Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 673 прекршоци.