МВР: 475 прекршоци за не носење лична заштита на лице

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, на 392 лице им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.