МАКЕДОНИЈА – Времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло, попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне повремено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.