Граничните премини од денска отворени за меѓународен сообраќај

Сподели

 

Од  денеска отворени се сите гранични премини во Република Северна Македонија наменети за меѓународен граничен сообраќај, при што условите за влез и излез на наши и странски државјани се останати непроменети – соопштуваат од министерството за внатрешни работи.

Согласно Одлуките и мерките на Владата, ја информира јавноста :

– МКД државјани можат да остварат непречен излез од РСМ, при што на граничен премин пополнуваат изјава со која изјавуваат дека РСМ поради настанатата состојба со КОВИД -19 нема да биде во можност навремено да им помогне околу нивното враќање;

– Во Република Северна Македонија  е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен  PCR  тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена.

– На влез во Република Северна Македонија, МКД државјани и странци со регулиран привремен и постојан престој кои немаат PCR тест се упатуваат во задолжителен државен карантин во времетраење од 14 дена ( истите со организиран превоз и полициска придружба се упатуваат во некој од претходно утврдени  објекти).

– странските државјани  можат  да транзитираат низ територијата на РСМ (преку сите копнени гранични премини), под што се подразбира влез на еден граничен премин а излез на друг граничен премин при што имаат обврска при транзитот  да не се исклучуваат  од соодветниот автопат или локален пат и транзит да се реализира за најмногу 5 часа, за што пополнуваат соодветна изјава.