На денешната седница е донесена Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со која, согласно Законот за финансирање на политичките партии, вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии се намалуваат и ќе изнесуваат 0,04 проценти наместо од 0,15 проценти од вкупните изворни приходи на Буџетот на Република Северна Македонија со цел спречување на дополнително оптоварување на Буџетот и како една од економските мерки кои се преземаат за справување со последиците од коронавирусот КОВИД-19.
На оваа седница е донесена Уредба за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година, со која се пропишува методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година.
Уредбата предвидува дека вкупните средства на приходите од данокот на додадена вредност наплатени во претходната фискална година за општините во Република Северна Македонија, општините во градот Скопје и Градот Скопје се распределуваат во константен дел од по 3.000.000 денари за сите општини во Република Северна Македонија, на општините во градот Скопје и Градот Скопје и променлив дел кој се распределува за општините во Република Северна Македонија во износ од 88 проценти, а за општините во градот Скопје и Градот Скопје во износ од 12 проценти.