Комбето на „Шарената револуција“ кое што го возеше пратеничката на СДСМ Лидија Димова беше сопрено од полицијата откако истото ги испрати демонстрантите до пред собранието и продолжи да се движи по булеварот Кочо Рацин.
Откако полицајците го застанеле комбето и наредиле на Димова да излезе и да го отвори, но таа не сакала да го стори тоа велејќи им дека ќе ги почека сопствениците. Припадниците на полицијата ја прашале дали сака да се повика на пратеничкиот имунитет, на што таа одговорила потврдно па тие не продолжиле со испрашување.
Полицијата се повлече кога виде дека група новинари со камери се движат кон комбето.
Откако полицијата си замина и Димова го раскажа случајот, Замир Мехмети од „Шарената револуција“ кажа дека ова е кукавички чин на полицијата и уште една потврда дека граѓаните сполотени можат многу.
– Сплотени ни Чавков ни никој ништо не ни може, ние се бориме за слобода а тие штитат криминалци. Вака сплотени ќе одговараме на секој нивен обид се повеќе, за да се избориме за слободата. Ова е доказ дека тие се исплашени од енергијата на овој народ – изјави Мехмети.
Граѓаните откако пред Собранието се упатија да му дадат поддршка на комбето, продолжија да се движат да го испратат комбето безбедно да си отиде. Откако комбето си замина, граѓаните се упатија во близина на домот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а редарите се обидуваат да ја сопрат групата која неконтролирано се движи.
http://meta.mk/kombeto-na-sharenata-revolutsija-sopreno-pa-pushteno-od-politsijata/