Промовиран проектот за подобрување на меѓурелигиските односи во Македонија

Сподели

Во спроведување на овој проект се вклучени претставници на Исламската верска заедница и на Македонска православна црква, со цел заедно со различни обуки да дејствуваат во надминување на етничките предрасуди

thumbs_b_c_bd1addf5b3633b8695c80ef62517532c

СКОПЈЕ (АА) – ЗИП Инситут за локална самоуправа во соработка со Скопското муфтиство, Скопката епархија и некои скопски општини со мешан религиозен состав, го промовираа проектот „Имам или Поп? Било кој, само во улога на мирот!”, проект кој се спроведува во рамките на проектот “CIVICA Mobilitas” финансиран од Швајцаркската амбасада, јавува Anadolu Agency (AA).

Проектот има за цел да се подобрат меѓуверските односи во Македонија, особено по случајот на поставување орел во Чаир и планотза поставување на крстот во Бутел. Преку овој проект се стреми да се спречи ескалација на состојбата и да не се повторуваат вакви случаи во општините со мешан религиозен состав.

Од страна на Исламската верска заедница и Македонската православна црква велат дека последните настани кои ги зголемуваат меѓурелигиски тензии се организирани од страна на политички партии за политички цели.

Претставникот на Исламската верска заедница, имамот Фатмир Заими, рече дека последните настани не се религиозни спорови туку политички спорови, организирани од политичка партија.

„Во повеќе случаеви, вклучувајќи ги и последните во Чаир, претежно беа политички, а не верски, како во албанската заедница, така и во македонската заедница”, рече Заими.

Претставникот на Македнската православна црква, свештеникот Ивица Тодоров, рече дека кај оние луѓе кои навистина ја почитуваат својата вероисповест, постои толеранција, разбирање и почитување на едни со други.

„Во врска со настаните што се случуваат во нашата земја, сите панелисти, но и учесниците во промовирање на проектот, се согласивме дека на Македонија ѝ треба посериозна правна држава. Ние живееме во заедничка држава и во владата има претставници на двете заедници кои треба да бидат чинители во регулирање на државата. Гледаме дека политичка криза не е предизвикана од страна на муслиманите или православните, туку тоа е еден друг извор”, рече Тодоров.

Во спроведување на овој проект се вклучени претставници на Исламската верска заедница и на Македонска православна црква, со цел заедно со различни обуки да дејствуваат во надминување на етничките предрасуди.