Со Михајло Маневски ВМРО-ДПМНЕ може да го обнови само „Сваровски“ судството

Сподели

 

Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска Давкова и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го обноват режимот на Никола Груевски преку најголемиот уништувач на правосудството Михајло Маневски.

За што ли се советуваше Силјановска Давкова вчера со човекот кој заедно со Гордана Јанкуловска е креатор на заробеното „Сваровски“ судство, човекот кој го партизираше судството, кој нарачуваше судски пресуди, кој местеше партиски судии само за да го заштити криминалот на Груевски и фамилијата.

Дали Силјановска побара совет од Маневски, како заедно со Мицкоски да ги спречат сите процеси што се водат против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како да го заштитат нивниот ментор Груевски, како да ги зачуваат парите што ги украдоа од граѓаните?

Вчера стигна уште потврда дека Силјановска Давкова, исто како и Мицкоски одработува за Груевски.

Таа е дел од шемата на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ги дели истите вредности и ставови Маневски, симболот на неправдата, со кого нема проблем да седи на иста маса.

На 15 јули граѓаните масовно ќе излезат на гласање, целосно ќе расчистат со остатоците од режимот и ќе се определат за СДСМ и Коалицијата „Можеме“, која носи европска иднина, стабилност и правда.

Граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски затоа што знаат дека тоа е опасно за државата. Граѓаните гласаат за сигурност, за стабилна иднина со СДСМ и Коалицијата „Можеме“.