Филипче: Благодарност до гласачите, медицинските работници и избирачките одбори

Сподели

 

“Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво.

Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи – покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколи и мерките за заштита.

Голема благодарност и до сите медицински работници, членови на избирачките одбори, комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите. Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно – со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите” – изјави министерот за здравство Венко Филипче..