Нега и грижа за стари и изнемоштени лица во Општина Карпош

Сподели

 

Во ек на пандемијата од Ковид – 19,  изнемоштените и стари лица кои живеат на територија на Општина Карпош, можат да добијат бесплатна нега и грижа.

Тимот на социјалното претпријатие „Нега Плус“ ја овозможува оваа поддршка преку Проектот  на УСАИД за граѓанско учество. Граѓаните можат да добијат некоја од следните услуги, пријавувајќи се на телфонскиот број 070 – 299 – 026.

  • Подготовка на храна;
  • Пазарење;
  • Помош при одржување на основна хигиена во домот;
  • Помош при пресоблекување;
  • Бањање.

Во изминатиот период, Општина Карпош воспостави соработка и со Црвениот крст, при што беше организирана достава на храна и лекови на лица кои се болни од Ковид – 19 или граѓани кои се во изолација.

Основната цел на ваквите активности е да се пружи уште поголема социјална заштита на најранливите категории на граѓани.