ДИК: Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница

Сподели

 

Државната изборна комисија сеуште врши прием на материјалот од општинските изборни комисии и при тоа рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16) , како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати, известуваат од ДИК.

Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија.