ДЛУМ СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА – Скопско културно лето

Сподели

 

Друштвото на ликовни уметници на Македонија, под покровителство на Министерството за култура и Град Скопје, во склоп на манифестацијата Скопско културно лето, денеска ќе ја отвори изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, во ГТЦ Скопје.

Оваа година селектор на изложбата „Современа скулптура“ е историчарката на уметност Марика Бочварова Плавевска.

На изложбата учествуваат 13 уметници: Ана Димчевска Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски Чауш, Вања Петрушевска Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски, како и Боро Митриќевски – нашиот истакнат скулптор од чии семејство на изложбата се доделува една парична награда што го носи неговото име.

Изложбата ќе биде отворена денеска и ќе трае до 30 јули. Поставката поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата односно од понеделник до петок од 11 – 18 часот и во сабота од 10 – 15 часот. Галеријата е лоцирана во ГТЦ 2 кат локал 306.