Извори кои се блиски до неговиот противник, а тоа е уште еден славен боксер 51 годишниот Рој Џонс Џуниор ја потврдија информацијата откако сите детали од договорот помеѓу двете страни се договорени.
Официјалната објава би можела да се случи веќе оваа недела, а борбата е закажана за септември оваа година.
Во моментот на евентуалната борба двајцата боксери би имале вкупно 105 години и завршени кариери. Мајк Тајсон заврши уште во 2005-та, а Рој Џонс се мачеше до 2018.
Во 2003 постоеше можност да се испробаат во рингот, но не дојде до нивна пресметка. Таа година Рој Џонс сензационално стана светски шампион во тешка категорија откако на поени го победи големиот Џон Руиз.
Рој Џонс стана првиот боксер во светот кој беше светски шампион во средна категорија, освоил шампионска титула во тешка, а потполно доминирал во суперсредна и полутешка категорија, што досега во историјата му се нема случено на ниту еден боксер.
Самиот Рој демантирал и рекол дека сакал борба со Мајк Тајсон, но дека Мајк ја одбил понудата за пресметката од која требаше да добие 40 милиони долари.
The post Мајк Тајсон во септември се враќа во рингот на 54 години – Еве против кого ќе ги одмери силите! appeared first on .
Powered by WPeMatico