Љупчо Георгиевски ќе ја тужи ВМРО ДПМНЕ за одземената титула почесен претседател

Сподели

 

Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски најави и објави на неговиот фб профил, дека ќе поднесе тужба до партијата за новите статутарни измени, со кои се укинува титулата почесен претседател, која тој досега ја имаше.

Георгиевски смета дека согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право како почесен претседател на партијата не може да биде одземено и затоа ангажирал правен тим кој на суд ќе треба да го докаже тоа.

Освен на Георгиевски, титулата почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ, според новите измени, му се укинува и на Никола Груевски.