ФИЛИПЧЕ: Нов пункт за земање брисеви во Свети Николе

Сподели

 

Денеска ќе се поставува пункт за земање брисеви во Свети Николе во близина на подрчната единица на ЦЈЗ Велес – Свети Николе, со посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.

Со тоа се овозможува побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на Ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација од оваа општина и од Лозово.

Контролните прегледи ќе се закажуваат од ЦЈЗ Велес од страна на докторите, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар – изјави министерот за здравство Венко Филипче.