Сè поголем бројот на загинатите во нападот во Истанбул

Сподели

istanbul-napad1

Бројот на загинатите во терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ се искачи на 41 лице, додека повредени се 239 луѓе, соопштија турските власти.

Турските медиуми јавуваат дека повеќето од жртвите се државјани на Турција. Досега се идентификувани 37 од загинатите, од кои 24 се Турци, 10 се странци, а тројца имаат двојно државјанство.

Неименуван турски претставник соопшти дека конечниот број на загинатите би можел да стигне и до 50 лица. Медицински извори јавуваат дека 109 лица од вкупниот број повредени се пуштени на домашно лекување.

Нападот го извршиле тројца бомбаши самоубици, кои, како што јавува весникот „Милиет“, повикувајќи се на сознанија од истрагата, најверојатно се странци.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но турските власти велат дека сите докази „упатуваат на Исламска држава“.

meta.mk