Изложба на скулптури на Андреј Митевски во КИЦ-Скопје

Сподели

Вечерва во изложбениот салон во Културно-Информативниот Центар во Скопје се одржа изложба на македонскиот скулптор Андреј Митевски.
Роден во Скопје 1976 год. студира и завршува постдипломски студии на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје (2002год.).Од 1999 година има учествувано на самостојни и групни изложби и симпозиуми во Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Литванија, Аргентина, Бразил, Јапонија, Кина, Тајван, Египет, Обединети Арапски Емирати.
Работи на мермер, травертин, варовник, оникс…
Овој месец учествуваше и на симпозиум во Градишка, Босна и Херцеговина со скулптура висока 3 метри. Андреј Митевски има ретка вештина да го извади срцето на каменот, скоро како тој да има чувства и да ги преточи во игра во скоро сите свои скулптури.
“Органскиот облик на моите проекти има намера да потенцира дека животот и природата имаат можност да се поправат и да ја надминат скоро секоја пречка. Во моите скулптури светлите и темните елементи играат многу влијателна игра како и односот помеѓу празните делови и полната маса кај моите скулптури. Оваа игра помеѓу спротивните маси ја прави форммата интерактивна и отворена, креаирајќи во каменот внатрешен прозорец пред гледачот”- вели авторот Митевски.
Изложбата ќе трае до 14ти Октомври.

Галерија:

[ngg src=”galleries” ids=”3″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]