Шпанскиот стратег Унаи Емери замина од шампионот на Лига Европа Севиља и тренерската кариера ќе ја продолжи во Франција во тимот на ПСЖ.
Клупата на францускиот првак ја напушти Лорен Блан, а за заминувањето доби обештетување од 22 милиони евра.
Емери со Севиља освои три по ред титули во Лига на Европа, договорот со ПСЖ го потпиша до јуни 2018 година.
Негов наследник во Севиља ќе биде Хорхе Сампаоли.
Унаи Емери во кариерата бил тренер на Валенсија, Спартак Москва, а од 2013 година седеше на клупата на Севиља.
The post ПСЖ го откачи Блан за да го донесе Унаи Емери од Севиља! appeared first on Спорти.
Source: Sporty