Садио Мане од Сенегал е нов играч на Ливерпул, а трансферот од Саутемптон, клубот од Енфилд го чинеше 36 милиони евра.
Мане ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со трофејниот клуб и стана третото најскапо засилување во историјата на Ливерпул, по Енди Керол и Кристијан Бентеке, а веќе четврто за тимот на Јирген Клоп во преодниот рок.
Ливерпул ги договори Камерунецот Жоел Матип од Шалке и Србинот Марко Грујиќ од Црвена ѕвезда.
По завршувањето на сезоната на „Енфилд“, за сума од шест милиони евра, пристигна голманот на Мајнц, Лорис Кариус.
Мане, е поранешен играч на Мец и Салцбург, и е петтиот играч кој во последните три години од Саутемптон се сели во Ливерпул.
Претходно Саутемптон добро заработи од продажбите на Адам Лалана за 25 млн фунти, Дејан Ловрен за 20 млн фунти, Рики Ламберт 4 млн фунти и Натанијел Клајн за 12,5 млн фунти.
Сенегалецот одигра 75 натпревари за Саутемптон, на кои постигна 25 голови.
The post Ливерпул повторно пазареше од Саутемптон, 36 милиони фунти за Мане! appeared first on Спорти.
Source: Sporty