Петар Есмеров е нов директор на Управата за јавни приходи (УЈП). Есмеров кој засега е назначен како в.д. директор на УЈП беше ваботен во Управата за јавни приходи, на позицијата директор на регионалната дирекција Скопје.
Според податоците од неговата професионална биографија, Есмеров во 2008 година работел во Агенцијата за електронски комуникации, а потоа од Владата бил назначен за државен секретар во Министерството за одбрана, од каде по поднесувањето на оставката, се врабтил во Управата за јавни приходи.
Есмеров ќе биде вршител на должност директор на УЈП сè додека не се избере директор на УЈП преку јавен конкурс.