Русија „постепено” ќе ги укинува санкциите врз Турција

Сподели

thumbs_b_c_f11feec88e516419da9fd6ac0006883c

АНКАРА (АА) – Русија постепено ќе ги укинува економските санкции против Турција, изјави денес рускиот премиер Дмитри Медведев, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на состанокот на Kабинетот на министри во Москва, Медведев рече дека економските санкции против Турција ќе бидат укинати во согласност со инструкциите од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Медведев истакна дека санкциите ќе бидат укинати „постепено”, со цел да се спречи било каква штета кон руските производители.

Русија, исто така, ќе бара гаранции од страна на турската влада со цел да се овозможи безбедност за руските туристи, изјави Медведев.

Вчера, Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаа телефонски разговор, при што се согласија да ги нормализираат односите помеѓу двете земји откако Турција го собори рускиот воен авион, кој го наруши турскиот воздушен простор во ноември минатата година.