По тензичната вечер, СПУКМ соопшти дека сепак избрале претседател

Сподели

spukm-kuzman-6

Нов претседател на Студентскиот парламент при УКИМ со освоени 3.851 глас е Давор Поповски, објавија утрово од СПУКМ. Оттаму велат дека вкупно гласале 5.264 студенти.

Од СПУКМ соопштуваат дека изборниот процес се одвивал фер и демократски, освен, како што велат, скандализирањето на политички мотивираниот „Студентски пленум“, кое најостро го осудија.

Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила, пак, синоќа беа распоредени пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите од вчерашното гласање за избор на претседател на Студентскиот парламент.

Претходно, додека сè уште траеше гласањето на факултетите, „Студентски пленум“ ја оспори регуларноста на изборите за претседател на Студентски парламент.

На гласањето немаше избирачки список, печати на гласачките ливчиња, паравани за тајно гласање, а избирачките кутии беа обложени со бели листови. Непосредно по завршувањето на гласањето на студентските избори, гласачката кутија од Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше насилно однесена од лица за кои „Студентски пленум“ обвинува дека немаат никаква поврзаност со УКИМ, по што настанаа турканици.

meta.mk