Студенти од „Студентскиот пленум“ вчера беа тепани од полицијата и насилно влечени, за да се овозможи да се прогласи лидер на студентите во организација на власта, реагираат од Демократскиот сојуз.
Од партијата им честитаат на студентите за храброста во обидот да спречат одржување на криминални и нелегитмини избори за студентски лидер.
„Демократскиот сојуз најостро го осудува вклучувањето во кршењето на изборниот процес на активисти на ВМРО-ДПМНЕ и бара одговорност за сите што придонесоа за хаосот и за грдите пораки што се испратија до светот. ДС бара целосно расчистување на улогата и на одговорноста на министерот за внатрешни работи и на министерот за образование, како најдиректно вклучени во тоа што се случуваше во текот на ноќта. Наместо студентите да бидат единствени и заедно во борбата за владеење на правото, демократија, подобрување на квалитетот на образованието и на студентскиот стандард, сведоци сме на поделби и на „војна“ за интересите на владејачкиот естаблишмент“, стои во реакцијата на ДС.
Оттаму прашуваат „ако на овие избори пред очите на јавноста се случуваше хаос, полициска бруталност и фалсификат, што ли се ќе се случува на парламентарните избори“.
Демократскиот сојуз, се додава на крајот на соопштението, бара и инсистира парламентарните избори да се одржат во октомври оваа година, за да се вратат мирот и стабилноста во земјава.