ИЗЈАВИ: ЏЕС БЕЈЛИ

Сподели

dzes-bejli-540x279

–” Работиме за да ѝ помогнеме на Македонија да се движи напред кон членството во НАТО и во ЕУ. Тоа значи да се работи за решавање на политичката криза на Македонија, за зајакнување на владеењето на правото и на демократските институции како што е наведено во Договорот од Пржино. Тие напори доминираа по вестите, но ние, исто така, знаеме дека Македонија е многу повеќе од тоа што се пишува во насловите на вестите. Македонија е нејзиниот народ, нејзиното наследство, нејзините природни убавини од Шар Планина сè до Дојранското езеро, од Охридското и Преспанското Езеро до Осогово. За да ја запознаеме и да ја разбераме Македонија, мора да го кренеме погледот од нашите дневни преокупации и да ја цениме оваа убавина што нè опкружува. Јас сум благословен што можам да го правам тоа од тука, секој ден.”