Младината на ЛДП е загрижена за синоќешното брутално и сурово дејствување на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во тепањето и малетирањето на студентите при изборите за нов студентски лидер. Ова е чин кој ја згрози не само македонската, туку и меѓународната јавност и токму затоа бараме силна и недвосмислена осуда од сите општествени чинители и правна разрешница на случајот.
Ако власта во заминување вака дејствува на студентски избори, тогаш недвосмислено ќе прашаме, дали насилството врз студентите е увертира за она што се крои за следните парламентарни избори?
Го прашуваме министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, врз основа на кои аргументи наредил прекумерна употреба на сила врз студентите? Која државна инстутуција беше загрозена за да се влечат студенти по земја?
ЛДП го охрабрува Студентскиот пленум да бара целосно расчистување на случајот, поништивање на изборите и борба за демократија во студентското движење, бидејќи студентите се идниот интелектуален капацитет на Македонија.