FOOD BAR ЛАНСИРА НОВ ПРОИЗВОД НА ПАЗАРОТ

Сподели

 

Ајсберг салата за ЗДРАВО СРЦЕ!

Ве гази времето и работните обврски не ви дозволуваат да уживате во готвењето онака како што можеби би сакале, но тоа значи дека не треба секој ден, без исклучок да уживате во секој оброк и секој да е здрав и полн со сите потребни хранливи намирници.
Сето ова може да го најдете единствено во кесичките на Food Bar,

пакувања полни со зеленчук подготвен за консумација. Сè што треба да направите е да го извадите зеленчукот од пакувањето, да го ставите во чинија, да го зачините по желба и вашата витаминска бомба е приготвена.
Food Bar во својата палета на производи нуди вкусови и за најпребирливите, а освен добро познатите беби микс салатата, беби рукола, беби спанаќ, фамилијарната салата со ајсберг, црвена цикорија, морков и зелена марула, валеријана, свежо рендано цвекло, италијана, микс со зелка и морков или микс зелена, тиквата и неколкуте вида никулци, од неодамна ја додаде и ајсберг салатата.

***

Зелената боја на главицата и листовите доволно зборува за тоа дека овој зеленчук содржи витамин К и железо, а тие се важни за крвната слика и кардиоваскуларниот систем. Ајсберг салатата е полн погодок за срцето! Со нејзина консумација ќе си обезбедите дури 30 проценти од препорачаните дневни количества од овие корисни материи.
Освен тоа изобилува и со витамин А, важен за правилен раст и развој на

коските; потоа растителни и диетални влакна и што е најважно има ниска енергетска вредност и создава чувство на ситост. Во 100 г имаа само 11 калории, 94 % вода, само 2 % шеќер и околу 1,2 % протеини.

Начинот на приготвување и пакување на сите производи, коишто може да се најдат во скоро сите ланци маркети во Скопје, наскоро и низ целата држава, е по најнови светски технолошки стандарди кои гарантираат квалитет и безбедност.
Од неодамна, салатите на Food bar може да се најдат и низ рафтовите на најголемиот ланец маркети во Косово.
Инаку, компанијата постои веќе шеста година под мотото – Кога
времето е кусо, со голема посветеност на потрошувачите, анализирајќи ги темелно нивните желби и потреби во делот на здрави и брзи за подготовка рецепти, па од таму се и сите идеи за создавањето и пласирањето на новите производи.
Не заборавајте дека сега имате избор – да заборавите на нередот во кујната, миењето со студена вода, сечкањето, смрзнатите прсти…, и што е најважно, во ова време кога здравјето ни е приоритет на сите – пред вас имате чинија здравје и вистинска витаминска бомба, која на сите ни е неопходна.
Сите производи (освен оние на кои е нагласено) се готови за консумација – со што салатите на Фуд Бар се единствени на пазарот во оваа категорија.

Food bar