Сепак, вонредната средба ја свика досегашниот ректор Велимиор Стојковски, кој на самиот почеток нагласи дека е направена без притисоци, како и дека СПУКМ има статут по кој работи, а УКИМ нема надлежност да се меша во тоа.
„Она што УКИМ го направи е самоиницијативно се обидовме да помогнеме. Немаме право да се мешаме во работата на организација која аботи посебно од универзитетот. Не можеме да се мешаме во автономијата на студентското организирање. Апелирам уште еднаш оние кои ќе седнете во работна група и да најдете решениее“, рече Стојковски обракајќи се кон студентите.
Тие во текот на седницата ќе добијат можност да објаснат што се случуваше на денот на изборите, 30 јуни. Дел од излагањата може да се следат и во живо преку видео стримот на Радио МОФ на Фејсбук.