Kинеската вакцина е класичен модел на вакцина добиена со технологија на ослабнување (инактивирање) на вирусот. Тоа е една класична постапка којашто со години наназад се користи за изработка на некои други вакцини. Оваа вакцина се користи во голем број на други земји.
Апелирам граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број за да се заштитат од ризикот. Да не заборавиме дека целта на вакцинацијата е да се постигне што поголем опфат со истата. Би сакал да потенцирам дека буквално сите вакцини коишто се сега безбедни ги поминале сите потребни на вообичаено испитување на лекови и вакцини. Имунизацијата е најсилното оружје во борбата со вирусот, не само кај нас туку насекаде во светот. Меѓутоа, сакам да порачам дека и натаму ќе треба да се почитуваат сите други јавно здравствени мерки.