Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, утре ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.
Предвидени се и разговори со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со специјалната обвинителка Катица Јанева.
Според најавата од Амбасадата на Германија во Скопје, по средбите германскиот специјален пратеник утре би требало да даде и изјава за медиумите.