Германската полиција попладнево ги евакуирала патниците од авионот кој требало да полета од аеродромот во Касел за турскиот град Анталија, пренесеТелма.
По пријава од анонимен дојавува аеродромските власти во Касел одлучиле сите патници во авионот за Анталија да бидат евакуирани по што била испразнета и целата аеродромска зграда, а воздушниот сообраќај е целосно во прекин.
Авионот и аеродромот темелно се прегледуваат од екипи за антитероризам, јавуваат германските медиуми.
Според дојавата, на летот имало багаж кој претставувал опасност за патниците и екипажот. Претставници на аеродромот за агенцијата ДПА изјавиле дека се уште не се знае кога ќе продолжи воздушниот сообраќај од Касел.