Откако вчера допатува во Манчестер, Мурињо утрово на стадионот Олд Трафорд и официјално е претставен како нов шеф на стручниот штаб на „црвените ѓаволи”
МАНЧЕСТЕР (AA) – Новиот тренер на Манчестер Јунајтед Жосе Мурињо, познат и како „Special One“, утрово го посети домот на новиот клуб на „Олд трафорд” и позираше со навивачкиот шал на клубот кој има намера да го врати на врвот на англискиот и европскиот фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако вчера допатува во Манчестер, Мурињо утрово на стадионот Олд Трафорд и официјално е претставен како нов шеф на стручниот штаб на „црвените ѓаволи”
Харизматичниот Жосе веќе по 24 часа престојување во Манчестер ги собра сите симпатии од јавноста на тој град, но и пошироко.
Еден од најдобрите светски фудбалски експерти, Португалецот Мурињо во досегашната кариера оствари големи успеси водејќи ги великаните како што се Порто, Реал Мадрид и во два наврати Челзи, а во Манчестер Јунајтед најверојатно го очекува најголемиот предизвик, да го врати клубот на старите патеки, по изминатите неколку сезони во кои „црвените ѓаволи“ беа ништо повеќе од просечна премерлигашка екипа.
Првиот натпревар на клупата на Манчестер Јунајтед, Мурињо ќе го има на турнирот во Кина на 22 јули против Борусиа Дортмунд, а три дена покасно, на истиот турнир ќе се состанат со лутиот ривал Манчестер Сити, кој исто така го презеде нов тренер и стариот ривал Пеп Гвардиола.