Јужна Кореја го пофали потегот на Вашингтон за санкционирање на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун поради кршење на човековите права
СЕУЛ (АА) – Јужна Кореја денес изрази благодарност на САД поради ставањето на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун на црната листа заедно со 20-тина негови службеници и entiteti поради кршење на човековите права, јавува Anadolu Agency (AA).
САД никогаш претходно го немаше санкционирано Северот поради злоупотреба на своите луѓе, иако Генералното собрание на Обединетите нации го поддржуваше изведувањето на споменатиот лидер на Пјонгјанг пред Меѓународниот кривичен суд, презентирајќи докази уште од 2014 година за големи насилства и брутален третман на над 100.000 политички затвореници.
Северна Кореја веќе е под санкции како резултат на четирите нуклеарни тестирања извршени годинава, и поктрај тоа продолжи со нарушување на неколку резолуции на ОН со понатамошно тестирање на балистички проектили.
Вчерашниот потег на министерството за финансии на Вашингтон значи дека на Ким Јонг-ун и останатите високи службеници ќе им бидат забранети деловни активности и патувања во САД.
„Владата го пофали и поддржа потегот на САД за воведување санкции против оние што ги кршат човековите права на Северот”, изјавија од министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
„Владата очекува дека тоа ќе придонесе светот подобро да ги разбере системските и екстензивни кршења на човековите права од страна на Северот”.
Како што условите во Северна Кореја, под влијание на санкциите, неизбежно стануваат потешки, сè поголем број обични луѓе ги ризикуваат своите животи за да ја напуштат земјата.
Севернокорејското министерство за обединување денес објави податоци кои покажуваат дека речиси 750 Севернокорејци избегале кон Југ во првата половина од оваа година, 20 отсто повеќе од 2015 година.
Вкупниот број на севернокорејските „дезертери” од 1990 година до крајот на оваа година се очекува да го надмине бројот од 30.000.
Повеќето бегалци направија опасно патување низ Kина, која има политика на насилна репатријација на Севернокорејците и покрај казната која ги чека во нивната татковина.