ВИДЕО: Маестро Кире Лазаров испиша нова историја во ЛШ – Како ЕХФ му го честиташе рекордот на нашата ракометна икона

Сподели

Играчот на француски Нант, Кирил Лазаров, стигна до уште еден импресивен рекорд во Лигата на ракометните шампиони.

Нашиот капитен и селектор на македонската ракометна репрезентација вечерва против Киелце стигна до бројката од 250 настапи во Лигата на шампионите со што стана апсолутен рекордер и го мина Арпад Штербик кој имаше 249 настапи.

На третото место се наоѓа Тиери Омејер со (240), потоа следи Никола Карабатиќ (237), Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215), Виктор Томас (214)…

Кире Лазаров исто така е рекордер по бројот на одиграни сезеони во ЛШ вкуно 20. 40-годишниот десен бек има една повеќе од Никола Карабатиќ кој поради повреда нема да биде дел од финишот на сезоната.

Нашата ракометна икона има една титула во ова натпреварување од 2015 година како член на Барселона. Во кариерата три пати бил прогласуван за најдобар десен бек на сезоната во 2014, 2015 и 2016 година.

Исто така Лазаров го држи и рекордот по број на постигнати голови во ЛШ со 1467 во 20 одиграни сезони.

The post ВИДЕО: Маестро Кире Лазаров испиша нова историја во ЛШ – Како ЕХФ му го честиташе рекордот на нашата ракометна икона appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico