Неспособна да одговори на секојдневното одобрување и поздравување од странана граѓаните на проектите на Град Скопје реализирани за само 3 години, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери.
ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз.
ВМРО-ДПМНЕ е неспособно да одговори зошто во времето на нивните
градоначалници не се изградени и реконструирани помалку булевари и улици отколку во последните 3 години.
Неможејќи да ја прифатат реалноста дека во Скопје за прв пат после неколку децении се градат 4 булевари истовремено (АСНОМ, Христијан Тодоровски Карпош, Никола Карев и Босна и Херцеговина) ВМРО ДПМНЕ пласира лажни вести.
Неможејќи да ги прифатат фактите на за прв пат целосно исчистениот кеј на Вардар, новиот стационар за бездомни животни Лајка, развиената мрежа на велосипедски патеки, ослободени јавни површини, рекордите во ново градско зеленило, ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги.
Наведената фирма во денешната нивна прес-конференција е специјализирана за набавка на ХТЗ опрема за што потврдуваат и набавките на Град Скопје и пред доаѓањето на оваа администрација.
Во прилог линк каде што јасно се гледа дека наведената фирма склучувала договори и во поголеми износи пред доаѓањето на актуелната градска администрација.