Овие 11 години поминаа како блесок. На денешен ден во 2010 година, Душан Кецман погоди тројка од својата половина за титулана Партизан во Јадранската АБА лига…
– Времето не истече … Кецман … Идееее … Иде тројкааа … Партизан победи … Неверојатно … Што се случи, каква игра е ова? Ова беше игра за шест срцеви удари…
На една од најневеројатните кошаркарски натпревари во историјата на овој спорт, Партизан ја освои титулата шампион во регионалната лига во Загреб совладувајќи ја Цибона со 75:74.
Поени за одлука донесе Душан Кецман, кој реализираше тројка од сопствената половина во моментот кога на семафорот се наоѓаа само 0,6 секунди до крајот.
Тоа беше четврта последователна титула на најтрофејниот српски кошаркарски клуб во регионалната АБА лига.
По регуларниот дел од натпреварот беше 60:60, па ривалите влегоа во продолженија. Лоренс Робертс ги промаши двете слободни фрлања на осум секунди пред крајот, а Бојан Богдановиќ погоди тројка од корнер на шест стотинки пред крајот за 74:72 и големо славје во загрепската „Арена“ и за ,,Цибоси,,
И додека „Цибона“ славеше, Кецман ја зеде топката и погоди тројка од својата половина на теренот за големо славје на белграѓани…
The post ВИДЕО: Луѓе мои, зар поминаа 11 години од легендарната тројка на Кецман во финалето на АБА лигата! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico