ФФМ ги одреди премиите за евентуалните успеси на Македонија на претстојното Европско првенство

Сподели

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за наградите за евентуален успех на репрезентацијата на претстојното Европско првенство.

Секоја победа во групната фаза на Европското првенство, ФФМ ќе ја вреднува 300.000 евра, додека за реми играчите ќе добијат 150.000 евра.

Доколку македонската репрезентација обезбеди пласман во нокаут фазата, репрезентативците ќе добијат 30% од износот што ќе и биде исплатен на УЕФА како парични награди откако ќе ги покријат трошоците за учество во натпреварувањето.

За прв пат во историјата, Македонија учествува на големо натпреварување, а на ЕУРО, ќе биде во групата Ц заедно со Холандија, Украина и Австрија.

Првите два меча ќе се играат на 13 и 17 јуни во Букурешт со Австрија и Украина, додека групната фаза од натпреварувањето ќе заврши на 21 јуни со дуел со Холандија во Амстердам.

The post ФФМ ги одреди премиите за евентуалните успеси на Македонија на претстојното Европско првенство appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico