Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на Македонија.
„Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза во контекст на евро-атланската интеграција на Република Македонија беше главна тема на средбата. Попоски и Нуланд разменија мислења и за низа актуелни теми од регионален карактер, безбедносните предизвици, како и за активностите во рамките на глобалната коалиција за борба против тероризмот“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.