Потписниците на „Пржино“ разговараат за отворените прашања

Сподели

81090690-7D2E-4B3C-BBBA-FBEAD3A55A6B_cx0_cy16_cw0_w987_r1_s_r1

Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино попладнево во резиденцијата на ЕУ во Скопје одржуваат нова средба во обид да ги надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза.

На средбата учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, а присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Евроамбасадорот Орав по вчерашната рунда разговори во резиденцијата на ЕУ во Пржино, изјави дека договор се уште нема, но има одреден напредок и оти се надева дека на денешната средба ќе биде постигнато повеќе. Информира дека партиските преставници побарале дополнително време за консултации со раководставата на партиите.

slobodnaevropa.mk