ОРИГИНАЛОТ ОД ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР ПРЕДАДЕН ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ

Сподели

Во Државниот архив денеска беше предаден оригиналот на Охридскиот договор од страна на вицепремиерот Артан Груби, кој на средбата со директорот, д-р Емил Крстески потпишаа записник за примопредавањето и дадоа изјави за медиумите.
Охридскиот договор, потпишан пред 20 години од: Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Арбен Џафери, Бранко Црвенковски, Имер Имери, Франсоа Леотар и Џемс Пердју, содржи 16 страници и е еден од позначајните документи од нашата понова историја.
Од денеска тој ќе се чува на вистинско место – во депото на Државниот архив, ќе се дигитализира и ќе биде достапен за јавноста.
На средбата со вицепремиерот Артан Груби присуствуваше и заменик директорот на Државниот архив, д-р Музафер Бислими.