Шумахер беше свесен за опасноста – Откриено е што му кажа на семејството пред кобната несреќа!

Сподели

Михаел Шумахер, еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња, не е виден во јавноста од 2013 година, кога доживеа тешка несреќа додека скијаше на француските Алпи.

шумахер1

Кобниот 29 декември 2013 година, Шумахер скијаше во Мерибел, Франција, кога излета од патеката и со глава удри по карпите.

Оттогаш, неговата борба за живот продолжува. Дел од документарниот филм што денеска беше емитуван на Нетфликс зборува за кобниот ден.

Шумахер бил свесен за опасноста во која влегува.

“Непосредно пред Мерибел, тој ми рече дека снегот не е оптимален. Можеме да одиме во Дубаи и да скокаме со падобран”, рече тој “, откри Корина Шумахер во документарецот.

Сопругата на Мајкл зборуваше за тоа со солзи во очите.

“Никогаш не го обвинував Бог за она што се случи. Тоа беше само лоша среќа, најлошото што може да ти се случи. Грдо е да се каже, зошто ова се случува со нас и Мајкл, зошто им се случува и на другите”? Се разбира, ми недостасува Мајкл секој ден. Но, не ми недостасува само мене. Им недостасува на децата, семејството, таткото … На сите им недостасува. Но Мајкл е тука. Поинаку е, но тука е и ни дава сила. Заедно сме, живееме заедно, правиме терапија. Правиме се за да го направиме Мајкл подобар и поудобен. И едноставно да го почувствува нашето семејство, нашата врска. Што и да е, ќе направам се што можам. Сите ние.”

 

The post Шумахер беше свесен за опасноста – Откриено е што му кажа на семејството пред кобната несреќа! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico