Италија и Шпанија ја зголемуваат контролата на границите со Франција

Сподели

FranceAttacks

Италија и Шпанија ќе ја зајакнат контролата на границите со Франција по вчерашниот напад во Ница, во кој 84 лица загинаа, а неколку десетици се повредени, откако возач на камион, полн со оружје и со гранати, влета на шеталиште.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, соопшти дека Италија ќе ги зголеми контролите на трите гранични премини кон Франција и на железничката пруга што ги поврзува двете земји.

„Нашиот безбедносен апарат е активиран “, напиша Алфано на „Твитер“.

Шпанија, исто така, ги засилува мерки за контрола и за безбедност на границата со Франција.

Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хорхе Фернандес Диас, оцени дека зад нападот најверојатно стои Исламска држава.

Француските медиуми јавуваат дека повеќе од 100 лица се повредени, од кои 54 се деца. Осумнаесет повредени се наоѓаат во критична состојба.

meta.mk