Почина Мајк Агаси, човекот кој неговиот син Андре многу го мразеше колку и тенисот!

Сподели

ЕМАНУЕЛ АГАСИ, таткото на осумкратниот Грен слем шампион и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Андре Агаси, почина во Лас Вегас на 90 годишна возраст.

Според светските медиуми, Емануел Мајк Агаси починал минатиот петок, а веста стигна во јавноста откако Андре во порака до американските медиуми потврди дека информацијата е точна.

Мајк, како што го нарекуваа, беше боксер кој настапи за Иран на Олимпијадата во 1948 и 1952 година. Потоа се преселил во Соединетите држави каде што е роден Андре.

Токму Емануел Агаси е заслужен за неговата тениска кариера. Тој самиот го призна ова за поранешниот светски рекет број 1, истакнувајќи дека „го мразел од дното на душата и во поголемиот дел од кариерата“, особено поради тепањата што ги добивал од него за време на тренинзите.

The post Почина Мајк Агаси, човекот кој неговиот син Андре многу го мразеше колку и тенисот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico