„Where Jazz Meets Clasical“ е насловен концертот кој вечерва (15 јули) ќе се одржи во Даут-пашин амам во Скопје, а во рамки на „Скопско лето“.
Почетокот е највен во 20.30 часот, а на концертот ќе настапат кларинетистот Бранко Павловски и пијанистите Ема Потевска-Попивода и Вилијам Харнд од САД.
На концертната програма се дела од Џорџ Гершвин, Астор Пјацола, Скот Џоплин и Анте Гргин.