Откако го освои „Скудетото“ со Интер, а потоа ја напушти клупата на новиот шампион, Антонио Конте е без ангажман.
Тој не го презеде Реал Мадрид, како и другите големи клубови, бидејќи „се тркалаше зад ридот“, очигледно, чекал голем проект на кој ќе биде на чело.
Според „Дејли Меил“, конечното преземање на Њукасл од страна на шеикот Мохамед Бин Салман заврши во текот на денот, што би го направило клубот од „Сент Џејмс Парк“ најбогатиот тим во Премиер лигата.
Инаку принцот Мохамед Бин Салман, наследик на престолот во Саудиска Арабија е нов сопственик на Њукасл, кој го купи клубот за 350 милиони евра.
На листата на Форбс тој се наоѓа на 8-то место на најмоќни луѓе на светот. Принцот е 50 пати побогат од сопственикот на Манчестер Сити, а доколку дојде Конте во клубот ќе има неораничен буџет за трансфери.
With the Newcastle takeover on the verge of being complete, Antonio Conte has emerged as one of the favourites to take the managerial role in the coming months.
Wow. pic.twitter.com/fEtruMl8Pl
— Sporting Index (@sportingindex) October 7, 2021
Антонио Конте треба да биде негова прва аквизиција, односно тренер кој би формирал тим за големи дела, за неколку сезони.
Се споменуваат огромни инвестиции во засилувања и инфраструктура, така што Њукасл прво ќе го нападне трофејот во Премиер лигата, а потоа и Лигата на шампионите.
Конте сигурно знае како да освојува трофеи, што го направи во Јувентус, Челзи, како и во Интер минатата сезона.
Њукасл моментално се наоѓа на 19-то место на табелата, во зоната за испаѓање, а отказот на менаџерот Стив Брус е актуелна тема веќе неколку недели.
The post Тренерот кој ни гигантите не го донесоа, потпишува за Њукасл – Зошто наскоро островото ќе се тресе!? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico