Во Драмски театар премиера на “Странци” во режија на Нела Витошевиќ

Сподели

 

Во Драмски театар премиера на “Странци” во режија на Нела Витошевиќ, 22 октомври

Режисер: Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Композитор: Огнен Анастасовски

Играат:
МИКЕЛЕ – ИГОР АНГЕЛОВ
ЕВА – ИРЕНА РИСТИЌ
КАРЛОТА – БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКА
ПЕПЕ – ЗОРАН ЉУТКОВ
БЈАНКА – САЊА АРСОВСКА
КОЗИМО – ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ
РОКО – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ
Гласовни фрагменти: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ – Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова – Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумовски
Асистент режисер: Александар Ивановски
Асистент сценограф: Димитар Петровски
Асистент костимограф: Раде Василев

Изработка на видео анимација: Милчо Узунов
Превод од италијански јазик: Викторија Еленова
Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска
Испициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Светло – мајстор: Митко Ризов
Тон – мајстор: Димитар Илиоски
Фотограф: Филип Кондовски
Премиера: 12.05.2018

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Ева: Ајде да играме една игра. … Роко: Каква игра е ова Ева? … Бјанка: Може да биде интересна. … Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. … Козимо: Можел да ги избрише пораките. … Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. … Микеле: Премногу добро се познаваме.